Лев банер Десен банер

Јованчо Мечкароски, нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“

Општина Струга официјално ја информира јавноста дека Јованчо Мечкароски е именуван за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Мечкароски е магистер по банкарски финансии и менаџмент, со повеќе од десет години професионално искуство на раководни позиции. Во текот на својата кариера бил активно вклучен во организирање на работните процеси, управување со тимови и унапредување на институционалната ефикасност, при што покажал изразени организациски и менаџерски способности.

Од Општината информираат дека ова именување е дел од пошироката стратегија за зајакнување на раководните капацитети во јавните претпријатија, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите кон граѓаните.

Воедно, беше изразена благодарност до досегашниот вршител на должноста директор, Меџаит Јусуфоски (Менде), кој во изминатите два месеци раководеше со претпријатието. Во тој период, како што посочуваат од локалната самоуправа, биле остварени значајни резултати, меѓу кои и удвојување на приходите од фактурирање на услугите – резултат што овозможил за кратко време да се реализираат процеси кои со години претходно не биле постигнати.

На новоименуваниот директор му се посакува успешна работа, со уверување дека неговото искуство и професионален пристап ќе придонесат за модернизација, зголемување на ефикасноста и континуирано подобрување на услугите за водоснабдување и канализација во Струга.

StrugaOnline

error: