Лев банер Десен банер

Возач од Струга приведен со 1,61 промили алкохол на патот Струга–Вевчани

На 18.02.2026 година во 22:00 часот, на магистралниот пат Струга–Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.К. (54) од Струга.

При сообраќајна контрола, полицијата сопрела патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По преземените мерки било констатирано дека возачот управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.

По насоки на јавен обвинител, лицето е исклучено од сообраќај, а возилото му е одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: