Лев банер Десен банер

Завршена првата фаза од реконструкцијата на осветлувањето на „Вевчански извори“

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека успешно е завршена првата фаза од реконструкцијата на осветлувањето на локалитетот Вевчански извори.

Со новото и модернизирано осветлување, посетителите повторно ќе можат да уживаат во природните убавини на овој атрактивен туристички локалитет и во вечерните часови. Проектот има за цел да ја подобри безбедноста, функционалноста и целокупното искуство на туристите, но и да придонесе кон дополнителна афирмација на Вевчани како препознатлива туристичка дестинација.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека реконструкцијата е дел од пошироките напори за унапредување на инфраструктурата и создавање подобри услови за развој на туризмот.

„Продолжуваме да работиме посветено и одговорно во интерес на Вевчани, со конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните и ја зголемуваат туристичката привлечност на нашето место“, порача градоначалникот.

Општина Вевчани најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со реализација на активности насочени кон заштита и унапредување на природните богатства со кои располага.

StrugaOnline

error: