Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
-3 Берово, -2 Скопје-Петровец, -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Струмица, 0 Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 Mаврови Анови, 3 Kрушево, Виница.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во cm )
91 Попова Шапка.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Извор: УХМР; фото: архива
StrugaOnline

