Лев банер Десен банер

Езерско дерби во пионерската лига: Утре ЖРК Струга го пречекува ГРК Охрид

Со почетокот на пролетниот дел од сезоната во Пионерската женска лига, викендов продолжуваат возбудувањата на ракометните терени. Во рамките на 12. коло, љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат вистинско езерско дерби.

Утре со почеток во 13:00 часот, ЖРК Струга на домашен терен ќе се соочи со екипата на ГРК Охрид. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Тими“ во Струга.

Се очекува интересен и динамичен дуел меѓу двете млади екипи, кои секогаш влегуваат мотивирано во меѓусебните пресметки. Езерските дерби натпревари носат дополнителен спортски жар и желба за докажување, особено кај младите ракометарки кои се иднината на женскиот ракомет.

Од клубот упатуваат повик до сите љубители на спортот да присуствуваат во салата „Тими“ и да им дадат силна поддршка на младите ракометни надежи на Струга во борбата за нови бодови во пролетниот дел од сезоната.

StrugaOnline

error: