Лев банер Десен банер

Богат ракометен викенд за ЖРК Стружанка – двоен дуел против ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе

Богат ракометен викенд ја очекува Струга, каде ЖРК Стружанка ќе одигра два значајни натпревари во рамките на домашните натпреварувања.

Во рамките на Првата супер лига за жени, сениорската екипа на ЖРК Стружанка во недела (01.03.2026) со почеток во 14:30 часот, на домашен терен ќе ги пречека ракометарките на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе. Се очекува интересен и неизвесен дуел, во кој стружанки ќе се обидат да освојат важни бодови пред својата публика.

Ракометните возбудувања започнуваат уште утре, сабота (28.02.2026), кога кадетската екипа на ЖРК Стружанка ќе се соочи со истата екипа на ЖРК Овче Поле СУ, со почеток во 16:30 часот.

И двата натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Тими“ во Струга, каде се очекува поддршка од трибините и одлична атмосфера. Од клубот упатуваат повик до сите љубители на ракометот да дојдат и да ги поддржат девојките, кои со посветеност и борбен дух го претставуваат градот на највисоко ниво.

Натпреварот на сениорките можете да го гледате и преку овој линк:

Викенд исполнет со женски ракомет и можност за нови успеси за стружанки – спортска покана која не треба да се пропушти.

StrugaOnline

error: