Лев банер Десен банер

Стружанката Прентоска блесна на глобалното виртуелно првенство во ергометар

Македонската веслачка од веслачкиот клуб (ВК) „Црн Дрим“ – Струга, Ана Прентоска го освои 6. место во финалето на 1.000 метри во конкуренција на 28 најдобри натпреварувачки до 17 години на World Rowing Virtual Indoor Championships – светско првенство во ергометар во виртуелен формат, објави Веслачката федерација на Македонија.

Од 21 до 28 февруари 2026 година се одржа 2026 World Rowing Virtual Indoor Championships – светското виртуелно првенство во ергометар, каде веслачи од целиот свет се натпреваруваа преку Concept2 ергометри од своите клубови и тренинг центри.

„Нашата Ана Прентоска од ВК „Црн Дрим“ – Струга го освои одличното 6-то место во дисциплината 1000 метри за жени до 17 години, со време од 03:42.01, во конкуренција на 28 квалификувани финалистки. Настапот на Ана го потврдува нејзиниот талент и посветеност на веслањето, а Македонија гордо ја претстави на еден од најсилните светски виртуелни натпревари. Виртуелното првенство е револуција во светското веслање – дозволува учество од секој континент без патување, но со иста конкурентност како и на класичните светски првенства“, објавија на својата официјална фејсбук страница од Веслачката федерација на Македонија.

Оттаму го споделија официјалниот линк на кој може да се следат официјалните резултати од одржаното првенство ТУКА.

StrugaOnline

error: