Лев банер Десен банер

Струшките џудисти блеснаа на Државното првенство во џудо

Во организација на Џудо Федерација на Македонија се одржа Државното првенство за помлади пионери/ки и јуниори/ки, каде младите спортисти го покажаа својот квалитет, дисциплина и вистински шампионски дух. Настанот беше вистински празник на спортот и уште една потврда дека Струга гради силна и светла спортска иднина – и за градот и за Македонија.

Струшките надежи остварија извонредни резултати, освојувајќи повеќе златни, сребрени и бронзени медали.

Прво место:

  • Мелани Јакуповска (-40 кг)

  • Катерина Клењоска (-52 кг)

  • Елеонора Јосифоска (-57 кг)

  • Давид Спироски (-55 кг)

  • Енил Ајдиноски (-60 кг)

Второ место:

  • Мила Стојанова (-48 кг)

  • Мунир Ајдуноски (-50 кг)

Трето место:

  • Мартина Салви (-52 кг)

  • Ајлин Бајрамоска (-36 кг)

  • Славјан Чаторошкоски (-34 кг)

  • Ненад Костоски (-38 кг)

  • Дамјан Пејоски (-38 кг)

Одлични настапи имаа и јуниорите, кои потврдија дека струшкото џудо има континуитет и квалитет.

Прво место:

  • Анамарија Стојмиловска (-52 кг)

  • Теа Донева (-63 кг)

Второ место:

  • Мишела Јаулевска (-63 кг)

  • Лука Колевски (-73 кг)

-Овие млади џудисти се вистинска гордост на Струга. Со напорна работа, дисциплина и верба во себе тие покажаа дека големите успеси не се случајност, туку резултат на посветеност и љубов кон спортот, велат од Џудо клубот „Дрим“ од Струга.

Дoдават дека секој освоен медал е чекор поблиску до уште поголеми предизвици – европски и светски натпреварувања. Струга има шампиони. Македонија има иднина. А овие деца се доказ дека најдоброто допрва доаѓа.

StrugaOnline

error: