Лев банер Десен банер

Убедлива победа на ЖРК Стружанка против ЖРК Овче Поле СУ во Првата супер лига

Во рамките на Првата супер лига за жени, сениорската екипа на ЖРК Стружанка вчера (01.03.2026) со почеток од 14:30 часот на домашен терен ги пречека ракометарките на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе.

Стружанките одиграа сигурен и квалитетен натпревар, наметнувајќи го своето темпо уште од самиот почеток. Со цврста одбрана и ефикасна реализација во нападот, домаќинките постепено ја градеа предноста, која до крајот прерасна во убедлива победа од 28:16.

Најефикасна во редовите на ЖРК Стружанка беше Еџе Сејадин со 14 постигнати голови, додека значаен придонес во нападот дадоа и Переска Антонија со 6 и Котушеска Маја со 3 погодоци. Во листата на стрелци се запишаа и Маркоска Марија со 2 гола, како и Глигороска Михаела, Топалоска Ана Марија и Билкова Бојана со по еден погодок.

Со оваа победа, ЖРК Стружанка продолжува со сигурни настапи во шампионатот и ја потврдува добрата форма во борбата за што подобар пласман во Првата супер лига.

StrugaOnline

error: