Лев банер Десен банер

Малолетник од Струга управувал „мерцедес“ без возачка дозвола – возилото одземено

Во раните утрински часови, на 02.03.2026 година во 01:15 часот, полициски службеници од ОВР Струга при контрола во патниот сообраќај во струшката населба „Тефериќ“ исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.

При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетно лице кое нема положено возачки испит и нема стекнато право за управување со моторно возило.

По насоки на јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, Стефан Димоски од СВР Охрид најавува поднесување на соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: