Лев банер Десен банер

Стендап шоуто „ЛОШО КУЧЕ“ на Никола Тодороски на 14 март во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид

На 14 март 2026 година во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, публиката ќе има последна можност во живо да го проследи хит-стендапот „ЛОШО КУЧЕ“, во изведба на еден од најпознатите домашни комичари, Никола Тодороски.

Станува збор за финална изведба и официјално снимање на шоуто со кое Тодороски изминатиот период направи успешна турнеја низ цела Македонија и повеќе европски градови. „ЛОШО КУЧЕ“ веќе важи за култно стендап шоу, препознатливо по остриот хумор, искрените приказни и енергијата што не остава никого рамнодушен.

Публиката може да очекува час и половина интензивна стендап комедија – динамично, провокативно и до солзи смешно шоу кое, како што најавуваат организаторите, „ќе ви ги запали стомачните“.

За оние што ќе обезбедат билет навреме, достапен е 20% попуст при онлајн купување во претпродажба, билетите купени на врата, како и резервираните на телефон 075 283 066, ќе се продаваат по цена од 500 денари, билетите не се нумерирани – важи принципот „прв дојден, прв услужен“.

Хит-стендапот „ЛОШО КУЧЕ“ на 14 март 2026 година во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20:00 часот.

Организаторите напоменуваат дека шоуто не се препорачува за лица под 16 години, поради содржината и специфичниот стил на хумор.

Со оглед на тоа што станува збор за последна изведба и снимање, интересот е голем, а љубителите на стендап-комедијата се очекува да ја исполнат салата за финалното „лаење“ на „ЛОШО КУЧЕ“.

StrugaOnline

error: