Лев банер Десен банер

Лишено од слобода лице од Враништа кое управувало возило без дозвола и со 1,77 промили алкохол во крвта

На 09.03.2026 година во 19:50 часот, во струшкото село Враништа, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишиле од слобода Н.Д. (28) од истото село.

При контрола на регионалниот пат Враништа – Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Д.

При проверката било констатирано дека тој немал положен возачки испит за Б категорија, а управувал со возилото под дејство на алкохол, односно со 1,77 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: