Лев банер Десен банер

СВР Охрид со нов проект „Има помош, за живот без насилство“

„Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што СВР Охрид започна да ја реализира на целото подрачје кое го покрива.

Станува збор за превентивно-едукативен проект што се спроведува преку поинтензивни и почести контакти на полициските службеници од Отсекот за превенција со граѓаните.

Главната цел на активноста е граѓаните поблиску да се информираат за почетните форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, како и за механизмите за рано пријавување и навремено интервенирање со цел заштита на ранливите категории.

Преку проектот се настојува и да се подигне јавната свест за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство, како и да се зајакне довербата во полицијата како институција која собира информации и постапува за ефективна заштита на жртвите.

Во рамки на активностите, на граѓаните им беа поделени и едукативни материјали со пригодни совети од правен и превентивен карактер.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

error: