Лев банер Десен банер

Фатен 29-годишник од Радолишта како вози без возачка дозвола на патот Струга–Ќафасан

На 12 март 2026 година околу 15 часот, на магистралниот пат Струга–Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај лишиле од слобода 29-годишно лице од Радолишта.

При спроведена сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Т. (29). При проверката било утврдено дека лицето нема положено возачки испит и нема право да управува моторно возило.

По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: