Приведен 47-годишен стружанец: Управувал мопед без возачка дозвола
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Струга на 12 март 2026 година околу 20 часот лишиле од слобода 47-годишен жител на Струга, откако бил затекнат како управува мопед без возачка дозвола.
Настанот се случил на улицата „Глобочица“ во Струга, каде при редовна сообраќајна контрола полициските службеници сопреле мопед со струшки регистарски ознаки управуван од Р.М. (47). При проверката било утврдено дека лицето нема положено возачки испит и нема право да управува моторно возило.
По насоки на јавен обвинител, мопедот бил одземен, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

