Билтен за Охрид: Физички напад, сообраќајна несреќа, возење под дејство на алкохол….
На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2026 во 22:50 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишен од слобода е Ј.Д.(32) од Охрид кој се сомничи дека на истата улица физички нападнал малолетник од Охрид. Истиот ден, во 23:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на истата улица, А.Ц.(25) од Охрид физички нападнала друг малолетник од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид против сторителите, ќе поднесе соодветни пријави.
На 15.03.2026 во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа” со охридски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од охридското село Велгошти и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(35) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. сопатничка во возилото „алфа”, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Н.И. од Охрид, сопатник во возилото „ауди”, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
На 16.03.2026 во 02:05 часот, на пресекот на булеварите „АСНОМ” и „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Џ.(38) од охридското село Пештани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид сопреле патничко возило „опел” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

