Лев банер Десен банер

Приведен жител од Лабуништа, управувал возило без положен возачки испит и со алкохол во крвта

На 16.03.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост” на регионалниот пат Струга-Враништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Х.(40) од струшкото село Лабуништа.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле патничко возило „пжо” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека тој немал положен возачки испит и немал право за управување моторно возило од „Б” категорија. Дополнително, при извршено алкотестирање му биле констатирани 1,64 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш е исклучен од сообраќај, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото. архива

StrugaOnline

error: