Лев банер Десен банер

ЖРК Стружанка овој викенд со два натпревари на домашен терен

Љубителите на ракометот во Струга ги очекува возбудлив спортски викенд, откако екипите на ЖРК Стружанка Струга ќе одиграат два натпревари на домашен терен во различни конкуренции.

Во сабота (21 март) со почеток од 15:30 часот, кадетската екипа на Стружанка ќе ги одмери силите со ЖРК Деспина Прилеп. Овој натпревар претставува одлична можност младите ракометарки да го покажат својот напредок и борбен дух.

Ден подоцна, во недела (22 март) исто така од 15:30 часот, сениорскиот состав на Стружанка ќе се соочи со ЖРК Атлетик Скопје, во натпревар кој се очекува да донесе неизвесност и квалитетна игра.

Двата натпревари ќе се одиграат во Спортска сала „Тими“, каде се очекува поддршка од домашната публика и добра атмосфера.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да дадат поддршка на ракометарките во претстојните предизвици.

StrugaOnline

error: