Лев банер Десен банер

Час по повод „St. Patrick’s Day“, учениците ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга учеа англиски преку американска култура

На 17 март, во рамки на наставата по англиски јазик во петтите одделенија, во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга се одржа тематски час посветен на празникот St. Patrick’s Day.

Часот го реализираа волонтерката од Мировен корпус, Саманта Кромковски, заедно со наставничката Јасмина Кукунешоска Кочоска. Преку интерактивен пристап и комуникација на мајчин англиски јазик, тие им ја доближија американската култура на учениците.

Учениците покажаа солидно познавање на англискиот јазик и активно се вклучија во сите активности за време на часот. Како дел од креативната работа, изработија заеднички постер со детелини, на кој ги запишаа работите за кои се чувствуваат среќни и благодарни.

Настанот помина во позитивна и мотивирачка атмосфера, а од училиштето упатија благодарност до волонтерката за нејзината посветеност и несебична работа, посакувајќи ѝ успех во понатамошниот ангажман.

StrugaOnline

error: