Четврто издание на Меморијалниот турнир „Драганчо Шопоски – Дади“ на 11 и 12 април во автокамп „Ливадиште“ Радожда
Со голема чест и почит, организаторите го најавуваат четвртото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Драганчо Шопоски – Дади“, на 11 и 12 април 2026 година во автокампот „Ливадиште“ во Радожда, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција.
Турнирот е посветен на споменот на Драганчо, со цел да се зачуваат вредностите што тој ги негуваше – спортскиот дух, фер-плејот и заедништвото. Преку овој настан, учесниците и посетителите имаат можност не само да уживаат во фудбалот, туку и да оддадат почит на неговото наследство.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на фудбалот да земат учество, да ги покажат своите вештини и да придонесат кон позитивната атмосфера што ја носи турнирот.
Пријавувањето за учество е 1000 денари а ќе трае до 7 април 2026 година, заинтересираните за повеќе информации можат да се обратат на телефоните: 077 567 533 и 071 236 790.
„Ве очекуваме во голем број“, порачуваат организаторите, најавувајќи уште едно возбудливо издание исполнето со спортски натпревари, дружење и емоции.
StrugaOnline

