Во Струга приведено лице од Дебар за недозволена трговија со дрога и оружје
На 24.03.2026 во 10:40 часот на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(36) од Дебар затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

