Времето денес променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
-3 Попова Шапка, -1 Берово, 0 Битола, Kрушево, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп, Mаврови Анови, 2 Крива Паланка, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 4 Велес, Кавадарци, 5 Демир Капија, 8 Штип, Виница.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
53 Попова Шапка.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

