Приведено лице од Октиси, возел мопед без да има положено возачки испит
На 30.03.2026 во 18:15 часот во с.Октиси, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.М.(49) од с.Октиси, При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мопед со струшки регистарски ознаки, кој го управувал, при што било констатирано дека го управувал без да се стекне со право за управување, односно без да има положено возачки испит.
Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

