ЈП Комунално Струга со донација на садници: Повеќе зеленило во казнено-поправната установа од отворен тип – Струга
Јавното претпријатие Комунално Струга реализираше хуманитарна и еколошка акција со донација на неколку садници за Казнено-поправната установа од отворен тип – Струга, со цел разубавување и збогатување на просторот со ново зеленило.
Во активноста активно се вклучија и осудените лица, кои учествуваа во засадувањето на садниците, испраќајќи позитивна порака за одговорност, ангажираност и придонес кон заедницата преку сопствен труд.
Од ЈП Комунално Струга информираат дека ова е само дел од нивните континуирани активности насочени кон подобрување на животната средина. Во наредниот период, претпријатието најавува слични акции и во други јавни институции, вклучително и болници, училишта и установи од јавен интерес.
Целта на ваквите иницијативи е создавање почиста и позелена околина за сите граѓани, како и подигнување на свеста за значењето на заштитата на животната средина.
StrugaOnline

