Лев банер Десен банер

Стружанецот Игор Стефановски Иџе победи на трка во Котор во конкуренција на 134 автомобилисти

Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека припаѓа во самиот врв на ридско-брзинските возачи во регионот, откако викендов во Котор го освои првото место во конкуренција од 134 натпреварувачи.

Овој настап дојде во периодот на пауза од Европски шампионат на ридски патеки, при што Стефановски ја искористи трката како идеална можност да ја провери формата и да ги потврди своите врвни перформанси.

Натпреварувањето, организирано од Автомобилистички и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор, важи за едно од најатрактивните и најпосетувани во регионот. Трката се бодува за повеќе шампионати, меѓу кои првенствата на Црна Гора и Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите.

Иако овојпат не освојуваше бодови, Стефановски со сигурното возење и доминантниот настап уште еднаш покажа дека победата е негова главна цел на секоја патека.

StrugaOnline

error: