Лев банер Десен банер

Во петок „Генералка викенд“ во Струга

Општина Струга и оваа година традиционално ќе биде дел од националната еколошка акција Генералка викенд, која ќе се одржи на 8 мај (петок). Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест и активно вклучување на заедницата во создавање почиста и поздрава животна средина.

Собирното место за учесниците е пред Општина Струга, со почеток во 10:00 часот. Организаторите упатуваат отворен повик до сите граѓани, здруженија, институции и компании да се приклучат и да дадат свој придонес во оваа значајна акција.

Како дел од настанот, во 12:00 часот ќе биде организиран пригоден коктел за сите учесници во паркот на Машка плажа, што ќе претставува можност за дружење и размена на искуства.

Од Општина Струга потенцираат дека ваквите активности се важен потсетник дека грижата за природата започнува од секој поединец. Пораката е јасна – Струга е наша, и само заедно можеме да ја зачуваме чиста и уредна.

StrugaOnline

error: