Лев банер Десен банер

63-годишен маж од Струга почина по пад од кров

На 04.05.2026 во 12:48 часот во ОВР Струга, од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив е донесен починат П.Ј.(63) од Струга. Лекар констатирал смрт, а според пријавеното, тој паднал од кровот на семејната куќа во Струга, додека извршувал работни задачи, по што починал од здобиените повреди. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга и јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: