Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, младинците при Црвен крст Струга реализираа активност посветена на децата со попреченост
Во фоајето на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, младинците од ЦКА – ПХВ програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ при Црвен крст Струга реализираа активност посветена на децата со попреченост.
Во пријатна и топла атмосфера пред присутните беше презентиран филм посветен на децата со попреченост, со цел да се поттикнат дружбата, инклузијата и заедничките активности меѓу младите. Настанот беше исполнет со насмевки, позитивна енергија и искрени моменти, испраќајќи силна порака за хуманост, прифаќање и еднакви можности за сите деца.
Организаторите посочија дека ваквите активности имаат големо значење за подигнување на свеста кај младите и градење општество во кое секое дете ќе биде прифатено и поддржано.
StrugaOnline

