Во сабота прославата за Денот на Европа во Паркот на Поезијата во Струга
По повод Денот на Европа 2026, на 16 мај (сабота), во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи целодневна отворена програма исполнета со музика, дружење, креативност и европска атмосфера.
Од Europe House Struga најавуваат дека паркот ќе прерасне во простор за поврзување на луѓе, идеи и иницијативи, обединувајќи локални креативци, мали бизниси, уметници, организации, партнери и гости од земјата и регионот.
Во текот на денот посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма која вклучува DJ сет и релаксирана парк атмосфера, базар на локални брендови и креативци, уличен busker performance, како и refreshment & chill зона за дружење.
Посебно внимание ќе привлече и фото-изложбата „EuroVelo: Најдобрите европски рути за велосипедски патувања“ од фотографот и велосипедист Simon Thread, посветена на европската велосипедска култура и мобилност.
Организаторите упатуваат покана до граѓаните околу 16:00 часот заедно да ги пречекаат учесниците на „Europe Day: Cross-Border Cycling Tour around Lake Ohrid“, кои по велосипедската тура околу езерото ќе пристигнат во Струга, придружувани од високи претставници на дипломатскиот кор и амбасадите на земјите членки на Европската Унија.
Во рамки на програмата е предвидено и обраќање на висок претставник од Делегацијата на Европската Унија, а посетителите ќе имаат можност и за неформално дружење во атмосфера која ги слави заедништвото, мобилноста и европските вредности.
Настанот е отворен за сите граѓани и посетители кои сакаат да бидат дел од европската атмосфера во срцето на Струга.
StrugaOnline

