Голем успех за младиот стружанец Јован Кутаноски, прв на државното првенство во Мичиген, САД во својата категорија
Младиот стружанец Јован Кутаноски постигна извонреден успех на „Multi Sport National Championship“ во Мичиген, САД, освојувајќи го првото место во својата категорија на супер спринт дистанца.
Во исклучително тешки временски услови – температура на водата од само 18 степени, силен ветер и дожд – Јован успеа да покаже неверојатна подготвеност, издржливост и спортски дух, освојувајќи златен медал во категоријата до 12 години.
Посебно значајно е што тој беше единствениот претставник од Европа на натпреварувањето, достоинствено претставувајќи ја Македонија и уште еднаш правејќи ја државата горда на меѓународната спортска сцена.
Дополнителна тежина на успехот дава и фактот што, во конкуренција од вкупно 109 натпреварувачи на возраст од 6 до 66 години, Јован се пласираше на одличното 14. место во генерален пласман.
Овој голем резултат е уште една потврда за талентот и посветеноста на младиот стружанец, од кого македонскиот спорт допрва очекува нови успеси.
StrugaOnline

