Лев банер Десен банер

ПК „Три Дисциплини“ Струга најтрофеен клуб на „Охрид Опен 2026“ – освоени 41 медал

Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ е најтрофејниот клуб на Шестиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2026“, на кој учествуваа вкупно 21 клуб. Клубот оствари извонреден резултат, освојувајќи вкупно 41 медал, а сите натпреварувачи забележаа подобрување на своите лични времиња.

Најуспешен поединец беше Јован Кутаноски, кој освои четири златни и две сребрени медали, во дисциплините 50 и 100 метри слободно, 50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри грбно. За своите настапи беше награден и со пехар за најдобар пливач на митингот.

Одлични резултати забележаа и останатите членови на клубот. Девран Куртис освои седум медали – четири сребрени и три бронзени. Матеј Лазороски се закити со еден златен, еден сребрен и два бронзени медали, додека Дон Зиба освои две златни и една бронза.

Нарт Домазети освои златен, сребрен и бронзен медал, Бона Кукунешоска и Мона Кукунешоска се закитија со по една бронза, а Петар Шикоски освои бронзен медал.

Меѓу најуспешните беа и Јана Билетина со едно сребро и три бронзи, Ѓорѓи Цветаноски и Хади Исмаилоски со по една бронза, Анастасија Костески со две сребрени медали, како и Дарија Магдис, која освои дури седум сребрени медали во различни дисциплини.

Од клубот упатија честитки и до останатите пливачи кои успешно го претставуваа ПК „Три Дисциплини“ на митингот: Керем Куртис, Бисера Кутаноска, Софија Кутаноска, Давид Попоски, Седа Љачка, Лука Цветаноски, Ерен Демирали, Игнатиј Милески, Горјан Шумуликоски, Илина Спироска и Стефанија Кутаноска.

Со титулата најтрофеен клуб и вкупно 41 освоен медал, ПК „Три Дисциплини“ уште еднаш го потврди својот квалитет и успешната работа со младите пливачи, најавувајќи нови успеси и на претстојните натпреварувања.

StrugaOnline

error: