Лев банер Десен банер

Сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар, тешко повреден возач од Вевчани

На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади”, товарно возило „ман” со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: