Теодора Џевахировиќ вечерва настапува во „Inclusive“ во Охрид
Српската поп-ѕвезда Теодора Џевахировиќ вечерва ќе настапи во клубот „Inclusive“ во Охрид, каде публиката ќе има можност да ужива во нејзините најголеми хитови и енергичен сценски настап.
Вратите на клубот ќе бидат отворени од 23:45 часот, а од менаџментот ги повикуваат сите заинтересирани навреме да ги резервираат своите места на телефонскиот број +389 71 232 808.
Теодора Џевахировиќ е една од најпопуларните пејачки на регионалната музичка сцена. Кариерата ја започна со учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во 2014 година, по што беше дел од групата „Ѓаволице“, а од 2016 година успешно ја гради својата соло кариера. Со хитови како „Вуду“, „Дрифт“, „Твоје магије“, „Чука“, „Кристијан Греј“ и многу други, таа се етаблираше како една од најслушаните изведувачки во регионот. Досега има објавено два студиски албума – „Borbena“ (2019) и „Žena bez adrese“ (2024).
Од „Inclusive“ најавуваат одлична атмосфера и вечер исполнета со модерни поп и денс хитови, а интересот за настапот е голем, па се препорачува посетителите навреме да обезбедат резервација.
Љубителите на добрата музика вечерва ќе имаат можност да бидат дел од уште една незаборавна забава во Охрид, во ритамот на една од најактуелните музички ѕвезди на Балканот.
StrugaOnline

