Приведен затвореник на отсуство од Идризово – во Охрид ја нападнал поранешната девојка
На 05.08.2026 во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

