58-годишен жител на Октиси приведен по пријава за физички напад и прегазување со возило
На 17.08.2026 во 22:15 часот во с.Октиси, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.М.(58) од с.Октиси, постапувајќи по претходна пријава од 56-годишниот Ш.М. од истото село дека околу 19:30 часот на место викано „Загони“ во селото, по претходно недоразбирање, физички го нападнал, а потоа со патничко возило го прегазил на ногата. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

