Лев банер Десен банер

Охриѓанец и фирма добија кривична пријава за точење алкохол на четири малолетници на плажа во Пештани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.(31) од Охрид и негов правен субјект со седиште во охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете” по член 204 од Кривичниот законик. При контроли извршени на 29.08.2026 на плажа со која стопанисувале пријавените, било констатирано дека на четири малолетни лица им било овозможено купување и користење алкохолни пијалаци без да им бидат побарани лични документи и без да се утврди нивната возраст.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: