Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Физички напад во училиште, пронајдена и одзедмена марихуана….

На 02.11.2026 во 17:18 часот во СВР Охрид е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, А.И.(24) и Р.Р.(29), двете од Охрид, физички ја нападнале М.Ј.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(26) и М.Б.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во нивниот дом, како и во дворот од соседна куќа, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: