Лев банер Десен банер

Три македонски кратки филмови и отворена дискусија во Europe House Струга во петок по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, Europe House Струга во петок, 6 ноември 2026 година организира посебна филмска вечер во рамките на настанот „Cinema is Cool“, посветена на македонската кинематографија и отворањето важни општествени прашања.

Посетителите ќе имаат можност да проследат проекции на три македонски кратки филмови кои обработуваат теми поврзани со човековите права, општествените состојби и предизвиците со кои се соочува заедницата.

На филмската програма се насловите „Антигона“, во режија на Ибер Деари и Мирсад Абази, „Клупа“, во режија на Трифун Ситниковски и „Избор“, во режија на Марко Црногорски.

По завршувањето на филмските проекции, предвидена е и интерактивна дискусија со претставници на филмовите, која ќе ја модерира познатиот филмски критичар Златко Ѓелески. Преку разговорот, присутните ќе имаат можност подетално да се запознаат со пораките на филмските остварувања, нивниот контекст и темите што ги отвораат.

Настанот ќе се одржи во петок, 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Europe House Струга.

Влезот е слободен, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна резервација на седиште преку следниот линк:

Пријавување: https://forms.gle/9KqbycRXKrgLr8Ag6

Организаторите информираат дека потврдата за присуство, вклучително и за учениците, треба да се направи најдоцна до 5 ноември.

Со овој настан, Europe House Струга создава простор за промоција на македонското филмско творештво, културна размена и дискусија за значајни општествени теми, поврзувајќи ја филмската уметност со прашањата што нè засегаат сите.

Љубителите на филмот и сите заинтересирани граѓани се поканети да бидат дел од оваа филмска вечер и заеднички да го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство.

StrugaOnline

error: