Лев банер Десен банер

Денеска во Охрид 38. издание на фестивалот „Охридски староградски средби 2026“

Охрид повторно ќе живее во духот на староградската музика со одржувањето на 38. издание на фестивалот „Охридски староградски средби 2026“.

Фестивалот ќе се одржи денеска со почеток во 19:00 часот, во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид. Влезот за посетителите е слободен.

И ова издание носи програмски квалитет кој претставува вредносно продолжување на традициите што се пренесуваат со векови. „Охридски староградски средби“ се посветени на зачувувањето и афирмацијата на старите и автентични песни, како и на богатото музичко наследство на градската традиција.

Публиката ќе има можност да ужива во настапите на повеќе културно-уметнички друштва и вокално-инструментални ансамбли од земјава и регионот. На фестивалската сцена ќе настапат ВИА „Распеани Стружани“ – Струга, „Вокален Октет“ – Прилеп, КУД „Нико Пушоски“ „Распеани кичевчани“ – Кичево, ДС „Лепеница“ – Крагуевац, ВИС „Орнаменти“ – Штип, како и КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца.

Фестивалот претставува своевидно навраќање во богатата градска ризница на минатото, со цел старите мелодии, песни и музички вредности да продолжат да живеат и да се пренесуваат на новите генерации.

StrugaOnline

error: