Лев банер Десен банер

Народен театар Охрид организира аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“

Народниот театар Охрид распишува аудиција за новогодишната претстава „Зимска бајка“, во продукција на театарот, по текст и режија на Ирена Стеријовска.

Аудицијата е наменета за деца на возраст од 7 до 12 години, а ќе се одржи на 7 ноември 2026 година (сабота), со почеток во 11 часот, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Заинтересираните деца можат да се пријават на електронската адреса: tinat.petreska@gmail.com.

Избраното дете ќе добие можност да биде дел од професионалниот театарски ансамбл и да учествува во едномесечен процес на подготовка на претставата, сè до премиерната изведба и репризните претставувања.

Од Народниот театар Охрид упатуваат покана до сите млади љубители на сцената да се пријават и да ја искористат можноста да станат дел од една празнична театарска приказна.

StrugaOnline

error: