Лев банер Десен банер

Чивнинг разговори во Струга: Дознајте како до едногодишни мастер студии во Обединетото Кралство

Europe House Struga ќе биде домаќин на информативен настан посветен на Чивнинг стипендиите, наменет за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ги продолжат своите студии во Обединетото Кралство.

На 22 септември (вторник), со почеток во 17:00 часот, ќе се одржат „Чивнинг разговори“ со Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти и претставници од Британската амбасада во Скопје.

Присутните  ќе имаат можност да добијат информации за процесот на аплицирање за Чивнинг стипендијата, која овозможува едногодишни мастер студии на универзитети во Обединетото Кралство.

Алумни стипендистите ќе ги споделат своите искуства, ќе ги претстават предизвиците и можностите што ги нуди програмата и ќе одговараат на прашањата на заинтересираните кандидати.

Повикот за аплицирање за Чивнинг стипендии е отворен до 6 октомври 2026 година.

На настанот се поканети сите заинтересирани државјани на Република Македонија со завршени додипломски студии и најмалку две години работно искуство.

Настанот ќе трае 60 минути, а Здружението на Чивнинг алумни стипендисти е отворено за соработка и поддршка на кандидатите во процесот на донесување одлука и аплицирање.

Присуство може да го најавите на: https://forms.gle/pTPP65JbR1CRH1jM8

StrugaOnline

error: