Лев банер Десен банер

Охриѓанец лишен од слобода во Струга, се обидел да уништи две пакувања со бела прашкаста материја

На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат” во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен Д.Н.(44) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: