174 парчиња муниција и марихуана пронајдени во дом во Подгорци
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 174 парчиња муниција различен калибар кои нелегално ги поседувал и две пакувања со марихуана.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

