Лев банер Десен банер

Тројца млади ракометари на РК Струга со повик во кадетската репрезентација на Македонија

Тројца млади ракометари на РК „Струга“ добија повик за машката репрезентација на Македонија до 16 години (М-16), откако селекторот Никола Матлиески ги вклучи во списокот на играчи за претстојните подготовки во рамките на ЕХФ неделата.

Станува збор за Јордан Танаскоски, Горазд Ојлески и Матеј Ковачески, кои ќе имаат можност да го облечат националниот дрес и да бидат дел од репрезентативниот собир.

Овој повик претставува големо признание за младите ракометари, нивниот досегашен труд, посветеност и напорна работа, но истовремено е и потврда за квалитетната работа со младите категории во РК „Струга“.

За струшкиот клуб ова е уште една потврда дека располага со талентирани млади ракометари кои имаат потенцијал да бидат дел од националните селекции и да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

Од РК „Струга“ им упатија искрени честитки на Танаскоски, Ојлески и Ковачески, посакувајќи им успешни подготовки, многу нови предизвици и уште многу настапи во дресот на македонската репрезентација.

Струга продолжува да биде расадник на млади ракометни таленти!

StrugaOnline

error: