Билтен за Охрид: Семејно насилство, физички напад…
На 01.11.2026 во 16:40 часот на улица „Егејска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ј.(22) од Охрид, постпаувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.11.2026 во 01:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека Љ.Н.(44) од Охрид, во семејниот дом бил физички нападнат од А.П. од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

