Лев банер Десен банер

Уапсен 20-годишник од Драслајца – управувал „голф“ без положен возачки испит

На 13.11.2026 во 00:52 часот на магистралниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(20) од струшкото село Драслајца. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека нема положено возачки испит за Б категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: