Два големи успеси за учениците од Yahya Kemal College – Struga на Ohrid Techathlon 2026
Учениците од Yahya Kemal College – Struga постигнаа одличен успех на технолошкиот натпревар Ohrid Techathlon 2026, освојувајќи второ и трето место со своите иновативни проекти и современи технолошки решенија.
Второто место го освои тимот „Kinetic Thought“, составен од учениците Берат Јусуфоски, Јусуф Љушо, Дорант Ода, Нуредин Бајрами и Ерлис Лачка.
Тимот се претстави со иновативен проект базиран на технологијата Brain-Computer Interface (BCI), која овозможува управување со уреди преку мозочни сигнали. Станува збор за неинвазивно технолошко решение кое отвора нови можности за примена на современата технологија и има значителен потенцијал за понатамошен развој.
Уште едно значајно признание за училиштето донесе ученикот Јосиф Нелкоски, кој го освои третото место како член на тимот „Melanoma X“.
Неговиот проект е насочен кон превенција и рано откривање на ракот на кожата, преку напреден систем заснован на користење мултимодални податоци и нивна компаративна анализа. Ова решение претставува пример за тоа како технологијата и иновациите можат да придонесат во справувањето со реални предизвици во здравството.
Двете освоени награди се потврда за знаењето, креативноста, иновативноста и посветеноста на младите стружани, кои со своите идеи покажуваат дека имаат потенцијал да создаваат современи решенија со практична примена.
Од Yahya Kemal College – Struga упатија искрени честитки до учениците за постигнатиот успех, посакувајќи им уште многу награди, нови идеи и достигнувања во иднина.
StrugaOnline

