Лев банер Десен банер

Општина Струга го крои Буџетот за 2027 година, граѓаните повикани да достават предлози

Општина Струга го започна процесот на подготовка на Буџетот за 2027 година, при што ги повикува граѓаните, граѓанските организации, здруженијата и месните заедници активно да се вклучат со свои предлози, идеи и иницијативи за развојот на општината.

Преку оваа иницијатива, локалната самоуправа има за цел да ги вклучи граѓаните во утврдувањето на приоритетите и проектите кои треба да бидат дел од буџетското планирање за следната година.

Од Општина Струга посочуваат дека мислењето на граѓаните е важно за креирање на буџет кој ќе одговори на реалните потреби на населението и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот.

Заинтересираните своите предлози можат да ги достават писмено во архивата на Општина Струга, преку електронската адреса info@struga.gov.mk, како и на јавната расправа која ќе се одржи на 1 декември 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Струга.

Од локалната самоуправа упатуваат повик до сите граѓани да ја искористат можноста за активно учество и да дадат свој придонес во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година.

„Твојот глас е важен. Твојата идеја може да направи разлика“, порачуваат од Општина Струга, повикувајќи на заедничко учество во планирањето на идниот развој на градот и општината.

StrugaOnline

error: