Банкок e најпосетен град во светот за 2017-та година

- Свет
1100

Mastercard го објави Global Destination Cities Index во кој, меѓу другите категории објавена е и листата  на најпосетени градови на светот за 2017 година.

Шампионската позиција ја зазема Банкок со 20,2 милиони меѓународни посетители. На вице-шампионската позиција е Лондон со 20 милиони, а Париз и Дубаи  имаат по 16 милиони посетители.
На листата следи Сингапур со 13,45 милиони посетители, шестата позиција ја зазема Токио со 12,5 милиони посетители, а следат Сеул, Њујорк и Куала Лумпур.

Листата од десет најпосетувани градови ја заокружува Хонг Конг со над 9 милиони посетители. На единаесеттото место е Истанбул, а дванаесеттата и тринаесеттата позиција се резервирани за Барселона и Амстердам.

Facebook Коментари