Во угостителски објект на Градскиот пазар во Струга нарушен јавниот ред и мир

- Локални, Хроника
1094

На 15.01.2024 година околу 22 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа А.А.(61) и Г.С.(28), двајцата од Струга.

Тие, претходно во угостителски објект на Градскиот пазар во Струга, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувал и Ј.М.(39) од Струга.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари